ИГОР ВОРИ И ЈАКОВ ГОЈУН СЕ ОПТИМИСТИ ПРЕД УТРЕШНИОТ НАТПРЕВАР. ВИДЕО

27.09.2013 19:53

По пристигнувањето на аеродромот во Скопје, дел од ракометарите на Пари Сен Жермен дадоа изјави за нашиот сајт.

12._resizeИгор Вори: “Знаеме многу за македонскиот ракомет. Самиот факт дека два клуба од ист град играат во Лигата на шампионите и тоа во иста група кажува многу за подемот на македонскиот ракомет. Ја знаеме силата на Металург и сигурни сме дела Лино ни спрема некаква замка. Се надеваме на добра атмосфера. Македонската публика го познава ракометот. Се надевам дека ќе имаме добра претстава. Што се однесува на нас, ние имаме многу нови играчи и ни треба време за да се уиграме. По нашите резултати се гледа дека многу осцилираме, од феноменален настап до правење на почетнички грешки. Имаме шесторица нови играчи од кои петорица се во почетната седморка. Очекувам дека утре ќе бидеме на ниво “.

13._resizeЈаков Гојун: “Можам да кажам се најдобро за Металург. Сум играл повеќе пати додека настапував за екипата на Загреб, па, можам да кажам дека овде се чувствувам како дома. Не чека еден тежок натпревар, во една посебна атмосфера која ја прават навивачите на Металург. Ќе видиме утре. Ние имаме добра екипа и очекувам да имаме квалитетен натпревар. Во досегашниот тек од сезоната играме со доста осцилации поради големиот број нови играчи. Многумина од нас уште не го знаат ниту јазикот, но ние работиме и играме се подобро. Утре се надевам дека ќе се покажеме добро и ќе ги освоиме двата бода“.

Прочитано 2.017 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 2 =