ИХФ дефинитивно го откажа Супер Глоуб за 2020 година

26.09.2020 11:45
IHF_Super_Globe.svg

Неофицијалното светско екипно првенство, Супер Глоуб, за 2020 година дефинитивно е откажано.

Овој настан, со одлуката на ИХФ од 16 јули, најпрво беше одложен на неопределено време, за да сега и конечно биде откажано.

Причината е во епидемијата на Ковид 19, која направи хаос во светскиот спорт, а во ракометот посебно.

ИХФ информира дека за следниот Супер Глоуб, во 2021 година, освен домаќинот и актуелниот победник, останатите учесници ќе бидат континенталните победници од сезоната 2020/21.

Прочитано 61 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 14