ИХФ го откажа изборот на играч на годината

30.06.2018 19:42
ihf-igrac-na-godina

ИХФ го откажа изборот за најдобар играч годинава. Причината поради која ИХФ нема да бира најдобар за 2017 е недоволниот број на гласови што ги добил во вкупното гласање.

Поради важноста на изборот, ИХФ одлучи дека е недоволно бројот на пристигнати гласови да решава односно да пресуди за најдобар играч. 

Оваа вест ја објави порталот G-sport.mk , кој побара од ИХФ информација околу изборот на најдобар играч, по што ја доби и потврдата од канцеларијата на ИХФ. 

Ова е втор пат изборот на најдобар играч да биде прекинат. Претходно во периодот од 1991-1993 не се гласаше,  а потоа продолжи во 1994 и имаше непрекинат низ се досега. 

ИХФ се надева дека медиумите, спортските работници и фановите ќе бидат поажурни во иднина, бидејќи изборот на ИХФ претставуваше веројатно единствено признание кое имаше вистинска тежина. 

Прочитано 318 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3