ИХФ одреди кој ќе ги организира СП во 2025 и 2027 години

29.02.2020 00:27
ihf-10dc2d415dd44aa24380070f15f3ee7c_resize

ИХФ на конгресот во Каиро ги одреди домаќините на следните светски првенства во машка и во женска конкуренција.

Во 2025 година, машкото СП ќе биде во заедничка организација на Хрватска, Норвешка и на Данска, додека СП во 2027 е доделено на Германија.

Во женска конкуренција, Германија исто така ќе биде домаќин на СП во 2025, заедно со Холандија, додека СП во 2027 година ќе се одржи во Унгарија.

Претходно СП во 2021 ќе се играат во Египет во машка и во Шпанија во женска конкуренција, а оние во 2023 година во Полска и Шведска кај мажите, и во Норвешка, Данска и Шведска кај жените.

Прочитано 29 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =