ИХФ воведува мали измени на правилата

30.06.2018 19:32
0_1024x632 IHF Logo rund englisch

Од 1 јули годинава, ИХФ воведува мали измени на правилата за да се избегнат различни интерпретации и да се појаснат акциите на теренот.

Еве за што се работи:

  • Секој обид да се спречи изведување на почетнот удар во последните 30 секунди на кој било дел од теренот, доколку играчот што се обидува да блокира е поблиску од 3 метри од изведувачот ќе значи дисквалификација и пенал за противникот. Ако играчот е поблиску од 3 метри, но е пасивен и не прави опструкција, тогаш нема да има казна.
  • При пасивна игра, доколку изведувачот шутира на гол, а топката се одбие до него или соиграч ќе се смета за додавање. 
  • Фаул на голман вон голманскиот простор и натаму значи дицквалификација, но тоа веќе нема да биде случај кога голманот трча во ист правец со напаѓачот, односно кога се работи за враќање на голман кој се менува со играч било при седум на шест или исклучен играч. 
  • Чиста ситуација за постигнување гол кога противничкиот гол е празен ќе се смета само кога играчот шутира кон голот. И за опструкција на таков шут ќе се доделува задолжителен седмерец.  Доколку играчот е во контра, додава кон соиграч или трча кон противнчкиот гол, но не во шут, пенал нема да се досудува. 
  • Ако играч влезе на терен со број што е поинаков отколку тој што е во записникот, тимот нема да ја загуби топката. Ќе мора да се корегира грешката, но екипата останува во посед. 
Прочитано 35 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 1 =