Ин мемориам: Драган Силјановски

16.07.2020 20:57
GIL_4305_resize_resize

Денес парче душа од Металург замина од овој свет, денес не напушти Драган Силјановски, Претседател на Здружението РК МЕТАЛУРГ и човекот кој беше еден од најголемите поддржувачи на клубот и ракометот воопшто. Од денес неговото столче ќе остане празно, на трибините и во Управата, но неговиот ведар дух засекогаш ќе остане меѓу нас, ќе бидеме уште посилни и посложни, за да може некаде од горе да се гордее со нас и да се радува на нашиот успех.

GIL_4305_resize_resize

Зорица Блажевска: “Во името на РК МЕТАЛУРГ и во мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до фамилијата за прераната загуба. Денес е тажен ден за нашиот колектив. Тажен ден е за мене, загубив верен соработник и пријател. Не морав да погледнам на трибините за да знам дека е тука. Неговото присуство уште долго ќе го чувствуваме. Саканите и почитуваните никогаш не умираат. Секогаш во нашето срце, Драгче!”

109782432_2646365942348249_9096091688145846760_n_resize

110693416_603824253670102_3450136886476966498_n_resize

Прочитано 2.922 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 0