IN MEMORIAM – Почина Небојша Вујисиќ, голем пријател на Македонија и на Металург

30.06.2019 11:15
nebojsa-vujisic-1000x555_resize

Во Австрија, на свои 51 година, почина Небојша Вујисиќ, голем пријател на Македонија и на Металург.

Вујисиќ замина од позиција на претседател на Заедницата на ракометните судии на Црна Гора и делегат и супервизор на ЕХФ и на СЕХА-лигата.

Вујисиќ многупати гостувал во нашата земја, како делегат или супервизор на мечевите на нашата репрезентација и на мечевите на нашите претставници во клупските натпреварувања на ЕХФ и во СЕХА-лигата, а токму средбата Македонија – Грција е неговиот последен официјален натпревар во улога на делегат.

Вујисиќ ќе го паметиме по пријателскиот однос и по неговата ведра насмевка.

Нека почива во мир.

Прочитано 624 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 5