IN MEMORIAM: Саше Ѓорѓески

19.11.2020 18:31
sase-20

По кратка битка со коронавирусот утрово почина познатиот македонски ракометен работник, Саше Ѓорѓески.

Ѓорѓески своевремено беше ракометар, кој настапуваше во Гостивар, но и во Супер лигата во екипата на Југ, пред да ја заврши кариерата поради повреда и да се префрли во судиските води.

Имаше долга и успешна судиска кариера во пар со Васе Зипевски. Беше познат како секогаш насмеан, ведро расположен, познат и по гитарата и песната, како негова голема љубов покрај ракометот. Откако пред две години заврши со судиската кариера, продолжи како делегат и беше активен се до моментот на неговото прерано заминување.

Саше Ѓорѓески е татко на нашиот голман Даниел Ѓорѓески, па загубата ја чувствуваме како лична.

Прочитано 939 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1