ИНФАРКТ НАТПРЕВАР СО РАБОТНИЧКИ

16.12.2011 02:06
DSC03045_resize_resize

Во сезоната 1980/81, првата наша сезона во 2 Сојузна лига Југ, Металург одигра драматичен натпревар со екипата на Работнички кој тогаш настапувал со својот легендарен состав, со Темелковски, Тутарков, Огненовски, Савевски, Стрезовски. Во 2-то коло на есенскиот дел, екипата на Работнички го совлада Металург со 24:19 (13:7). На тој натпревар Металург не искористи дури 6 седмерци што беше директна причина за поразот. Поради тоа, Металург со нетрпение го чекаше реваншот.

Реванш натпреварот помина во тензична атмосфера, при што судиите имаа полни раце работа. Се водеше огорчена борба, во напад и во одбрана, за секој метар, за секој гол. На моменти, се чинеше дека неминовно ќе дојде до инцидент. Првото полувреме заврши со минимално водство на Металург, 7:6. Во вториот дел, нашите ракометари, го засилеа темпото, што резултираше со наше постојано водство од неколку гола. На 5 минути до крајот, имавме водство од 5 гола разлика. Во тој момент, неочекувано, дојде до пад на конценрацијата кај Металург. Работнички, прво пресечи две топки, а потоа го намали резултатот и на 19:18. Во претпоследната минута, Гњатовиќ го израмнува резултатот, и се чинеше дека ќе дојде до делба на бодовите. Во својот последен напад, Металург успеа, на само 5 секунди до крајот, преку Лудвиг да постигне гол што доведе до експлозија на радост и кај ракометарите на Металург и кај нашата многубројна публика.

Мора да се спомне дека отвореното игралиште на Металург беше просто преплавено од околу 500 гледачи. Неверојатно е како, така мал простор, успеа да собере толкава публика. Околните згради, исто така, беа исполнети со луѓе кои натпреварот го следеа од прозорците. Многу народ беше собран и на ридот изнад игралиштето.

Металург: Томовски, Деловски 4, Чокрев, С.Јосифовски 1, Трајчевски, Лудвиг 2, Рајчевски, Велјановски 2, Ефремов 4, Б.Јосифовски 7, Силјановски, Клинчаров.     Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 12 минути.

Работнички: Диновски, Ивановски, Темелковски 3, Пејковски 2, Тутарков 4, Огненовски, Кујкис 1, Тосковски 1, Гњатовиќ 4, Поповиќ, Савевски 4, Стрезовски.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Рувинов и Веровски од Охрид.

Фото:

Прочитано 219 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 4 =