ИНТЕРЕСНО СО СТРУГА

15.12.2011 23:49
DSC02977_resize_resize

Во 1977 година, натпреварувајки се во Македонската лига, Металург одигра несекојдневен натпревар со екипата на Струга. Натпреварот заврши со резултат 30:27 за Металург. Беа одиграни две неверојатни, и дијаметрално спротивни, полувремиња. Во првиот дел, благодарејки на головите на Василевски и Митевски (денес Петрушевски), Металург создаде предност од дури 12 гола, 18:6. Тоа беше блескаво полувреме кое ветуваше целосен дебакл на екипата од Струга. Меѓутоа, во вториот дел блеснаа Поповски и Дуневски од екипата на Струга, кои буквално го свртеа натпреварот за 180 степени. Струга го доби вториот дел со цели 9 гола разлика, и во голема мера ја загрози победата на нашиот тим. Сепак, на крајот сосема заслужени бодови за Металург.

Металург – Струга 30:27  (18:6)

Игралиште на Металург.  Гледачи 200.   Судии: Антевски и Крстевски од Куманово.

Металург: Томовски 1, Василевски 8, Канзуров, Тоточевски, Јосифовски 4, Пејковски 1, Проданов 2, Ниневски 5, Хаџиевски, Митевски 9, Маневски, Чокрев.

Струга: Каланоски, Балковски 1, Костовски, Чакор 3, Дуневски 8, Верушевски, Кленкоски, Коцаревски, Кољовски, Поповски 11, Икиќ, Блажевски 4.

Фото:

Прочитано 480 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 11