Иракли Кбилашвили е избран за МВП на турнирот во Кањижа

25.08.2019 20:09
69272215_2331197207098118_6455963353494847488_n_resize

Грузијскиот плејмејкер во дресот на Металург, Иракли Кбилашвили, кој со својата досегашна игра целосно го оправда својот ангажман, е прогласен за најкорисен ракометар на турнирот во Кањижа. Одигра најмногу минути од сите во дресот на Металург, а со својата несебична и сигурна игра внесе нов квалитет во играта на својот нов клуб.

Победник на турнирот во Кањижа е екипата на Нексе, која денеска ја совлада израелската екипа Рамат Хашрон, со резултат 32:28 (17:16).

Металург, со победата против тимот на Партизан, го освои третото место на овој турнир. Завршивме со два тесни и несреќни порази и со една убедлива победа.

Металург веќе тргна кон Лесковац, каде ќе преспие, а утре, со почеток во 17.30 часот, ќе одигра пријателски натпревар со српскиот суперлигаш Дубочица.

Фото:

Прочитано 370 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =