Иракли Кбилашвили: Го одбрав Металург бидејќи тука најмногу просперираат младите играчи

12.07.2019 14:39
MalGeo02-1

Грузискиот репрезентативен централен бек Иракли Кбилашвили е последното засилување на Металург. Младиот Грузиец, кој во Металург дојде од украинскиот тим Одеса, имал бројни понуди, но се реши да потпише за тимот од Автокоманда бидејќи смета дека Металург е најдобро место за развој на млади ракометари.

.

Среќен сум што доаѓам во Металург и во земја во која ракометот е спорт број еден. Имав повеќе понуди за ангажман, но го одбрав Металург бидејќи важи за ракометен расадник во кој најмногу просперираат младите играчи и кој има долгогодишна традиција и квалитет. Се надевам дека со мојата игра и ангажман ќе придонесам за остварување на клупските амбиции“, вели Кбилашвили.

.

Иракли Кбилашвили е шестото засилување на Металург, а претходно нашиот табор го засилија младиот црногорски пикер Лука Вујовиќ (19), кој во Автокоманда дојде од редовите на црногорскиот првак Ловќен, потоа левото крило Милан Поповиќ (29), кој во Металург пристигна по едногодишниот престој во битолски Пелистер, искусниот Чантурија (37), кој минатата сезона ги бранеше боите на Пелистер и на Струга, а своевремено шест сезони (од 2004 до 2010 година) беше дел од тимот од Автокоманда, хрватскиот лев бек Маријан Мариќ (23), кој во Металург пристигна од Зрињски од Мостар (БиХ) и чуварот на мрежата Даниел Ѓоргески (25), кој минатата сезона беше дел од Пелистер.

Прочитано 208 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 10