Исланд се спаси од пораз против Грција и ја остави Македонија осамена на чело на табелата

12.06.2019 21:24
64373495_2383771425010363_7825009480747188224_n

Во вториот денешен натпревар од нашата група се случи изненадување, повторно во режија на Грција. Фаворитот Исланд се спаси од пораз со погодок во последната секунда. На само половина минута до крајот, Грција имаше сигурни два гола разлика, но успеа да ја прокоцка предноста. Средбата во Кожани заврши со резултат 28:28 (12:15).

Овој резултат и овозможи на Македонија да остане осамена на врвот на табелата, со бод повеќе од второпласираниот Исланд. Иако сите очекуваме сигурна победа против Грција во последниот натпревар што ќе се одигра во Струмица, сепак треба да се нагласи дека сега ни е доволно и реми од таа средба за да завршиме како први на крајот од квалификациите.

.

Моментална табела во групата 3.

Capture_resize

Прочитано 605 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =