ИСТОРИЈА НА СП: ГЕРМАНЕЦОТ ДАНИЕЛ СТЕФАН Е НАЈМАЛЕРОЗНИОТ ИГРАЧ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

11.01.2015 16:50
HANDBALL Bundesliga 2007/08: SG Flensburg-Handewitt - TBV Lemgo

za tekst

Германската и светска ракометна легенда Даниел Стефан (41) се смета за намалерозен ракометар во историјата на светските првенства. Во 1998 година тој стана првиот германски ракометар избран за ИХФ играч на годината. Во својата кариера тој освои олимписко сребро во 2004 година, и бронза и злато од европските првенства во 1998 и 2004 години. На ОИ 2004 во Атина тој беше дел од Ол Стар тимот, а на ЕП 1998 во Италија и на ЕП 2004 во Словенија беше прогласуван за МВП на првенствата.

Сепак, малерозниот Стефан е единствениот ракометар прогласен за ИХФ играч на годината кој не учествувал на ниту едно светско првенство, иако беше дел од моќната германска репрезентација. Имено, поради повреди тој ги пропушти светските првенства во 1999, 2001, 2003 и 2005 години, а се повлече од германскиот национален тим во 2006. година, само една година пред Германија на свој терен да го освои Мундилалот во 2007. година.

Денес, Стефан работи како стручен коментатор на германскиот телевизиски канал Спорт 1.

Извор: Официјалниот сајт на СП 2015 во Катар.

Прочитано 2.057 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 16