Иван Марковски се стекна со Мастер Коуч лиценца

04.07.2021 15:24
DAR_8908_resize

Стратегот на Металург, Иван Марковски, го заврши своето тренерско образование и се стекна со престижната Мастер Коуч лиценца, потребна за водење на екипите во европските натпреварувања, а е задолжителна и за водење на репрезентации.

Марковски лиценца ја доби на 21 јуни, кога ја одбрани својата тема на семинарот во Виена, кој се одржа онлајн, но официјално лиценцата е верификувана сега.

Неговата тема се однесуваше на обемна анализа на играта на бековите на првите четири селекции од ЕП 2020, а негови ментори беа Волфанг Полани и Петер Ковач.

Како што вели Марковски, оствареното немаше да биде возможно без поддршката на неговото семејство, но и на неговиот клуб Металург.

Честитки до нашиот тренер, кој е само 22-ри во Македонија со ваков сертификат.

Прочитано 215 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 14