Иван Марковски уште три години ќе го предводи Металург

06.05.2021 18:49
182621286_309214707324009_515650614205911371_n_resize

Покрај потписот на Хорват, Металург своите навивачи ги израдува и со новиот тригодишен договор со харизматичниот тренер Иван Марковски.

Марковски дојде во Металург при крајот на март и за кратко време успеа да ја консолидира екипата и да ја извлече од резултатската криза во која го најде клубот. Одлично е прифатен од играчите на кои најде начин да им влее нова, победничка атмосфера.

Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е најтешко. Одлично е прифатен од екипата, која ја препороди за овој краток период и се надевам дека најдоброто допрва ќе дојде“, вели претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Фото:

Прочитано 331 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2