ИЗГЛЕДА НЕВЕРОЈАТНО, НО ТАКА Е – МЕТАЛУРГ СЕ СПАСИ ОД ПОРАЗ ПРОТИВ ТУН

02.12.2013 02:10
DAR_0922_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Ново непријатно изненадување ни приредија нашите ракометари. По системот топло-ладно денеска доживеавме ракометна лекција да ни држи екипата на Вакер Тун, една од двете екипи во Лигата на шампиони која во претходните шест кола доживеа шест порази. Можеби нашите ракометари мислеа дека за победа е доволно само да се појават на терен, можеби со потценување гледаа на однапред прежалениот гостински состав. Ако е така, тогаш ракометарите на Тун ни вратија со полна мера. Беа подобри во 2/3 од натпреварот и само неверојатна среќа не послужи да дадеме два гола во последната минута и да дојдеме до бод, кој веројатно ни го визира влезот во Топ-16. Можеме само да претпоставиме како ваквиот натпревар делуваше врз нашите симпатизери, единствено позитивно е тоа што со освоениот бод се уште сме со огромни шанси за влез во елитата. Можеби ќе ни треба уште еден бод, можеби се доста и овие девет. Ни преостанаа уште три натпревари, гостуваме на жешки терени кај екипите на Пари Сен Жермен (која го памети поразот во Скопје) и Динамо Минск (кој ќе се обиде да врати за трите последователни порази во последните две години) и дома ја пречекуваме моќната Барселона. Делува тешко, ама не и невозможно.

Екипата на Пари Сен Жермен денеска одигра за нас и го совлада тимот на Динамо Минск, оставајки го на досегашното салдо од четири бода. Белорускиот состав нема друг избор и, ако сака во Топ-16, ќе мора да оди на три победи против Вардар во Скопје и Тун во Берн и против Металург во Минск. Но, ако Динамо слави во Скопје тогаш проблем ќе имаат нашите соседи од Кале, кои ќе мораат да се вадат против Пари Сен Жермен во Париз, а тоа е секако потешкиот пат. Постои и варијанта Вардар и Динамо да одиграат нерешено и три екипи да соберат по девет бода. Во таков случај понатаму одиме ние и Динамо Минск поради подобрите меѓусебни резултати. Ако, пак, на 9 февруари слави екипата на Вардар, тогаш во Топ-16 влегуваат двете македонски екипи. На изглед шансите ни се сосема солидни, но, наместо денес, за промоцијата ќе мораме да почекаме до февруари.

Реално, контролата врз денешниот натпреварот ја загубивме уште во првото полувреме. Стартувавме со три наши гола, на кои противникот врати со гол дури во 4. минута. Во 11. минута водевме со 6:2, а во 17. минута со 8:4. Игравме лесно и ништо не навестуваше дека наскоро ќе се случи целосен распад на нашата игра. Дури и симпатично делуваа двата гола на противникот, за 8:6, колку да ни дадат на знаење дека не сме сами на теренот. Но, симпатиите исчезнаа веќе во 20. минута, кога гостите израмнија на 9:9, а целосен шок доживеавме кога на семафорот се појави резултат 11:14, на крајот од првиот дел.

Во второто полувреме се очекуваше брз одговор на Металург и враќање во ритмот од почетокот на натпреварот. Наместо тоа видовме полетна игра на ракометарите на Вакер Тун, кои во 38. минута стигнаа и до позитива од четири гола, 14:18, а истата разлика ја имаа и при 15:19, во 40. минута, и 16:20, во 42. минута. Настрана што имаа и две можности за предност од пет гола.

Израмнивме дури во 54. минута, со голот на Вугринец, 21:21, но три минути подоцна повторно беше 21:23 за екипата на Тун. Најтешки моменти доживеавме кога на истекот на 59-тата минута противникот поведе со резултат 22:24. Дваесетина секунди беа потребни за голот на Вугринец, 23:24, а потоа тргна претпоследниот напад на противникот, кој за наша среќа заврши со одбрана на Станиќ и молскавична реализација на Ојлески, 24:24. Ракометарите на Тун имаа 15 секунди за својот последен напад, но не дојдоа до можност да го загрозат голот на Металург.

Очаен ден на нашата одбрана, на чело со голманскиот двоец. Само една одбрана во првото полувреме и вкупно осум во текот на целата средба е премалку дури и кога играме против екипи со квалитетот на Вакер Тун. Како се брани ни покажа швајцарскиот голман Марк Винклер, кој одбрани 14 удари, меѓу кои дури шест седмерци.

Шутирањето седмерци станува реален проблем во Металург. Да се промашат шест пенали во еден натпревар е премногу, а ако истото се случува и против Ловќен (1/6), па и Нексе (2/6), тогаш нешто итно треба да се менува…

Следниот натпревар го играме на 8 февруари, кога гостуваме кај екипата на Пари Сен Жермен.

 РК Металург – Вакер Тун  24:24 (11:14)

Металург: Станиќ (7 одбрани + седмерец), Мијатовиќ, Вугринец 7/13 (2/4), Атман 5/13 (0/1), Н.Мојсовски 4/8 (1/3), Манасков 3/4, Димовски 2/2, Георгиевски 1/2, Миркуловски 1/1, Ојлески 1/1, Јоновски, З.Мојсоски 0/1 (0/1), Маркоски 0/1, Кеџо, Пецаковски и Пешевски.    Седмерци: 3/9.      Исклучувања: 6 минути.

Вакер Тун: Винклер (8 одбрани + 6 седмерци), Мерз, Вон Дешванден 8/13 (3/4), Хусер 4/7, Ратгеб 4/6, Дахлер 3/5, Линдер 3/4 (1/2), Чалкидис 1/1, Фридли 1/1, Штудер 1/3, Бхенд, Каспар, Хувилер 0/2, Ланз и Исаиловиќ.     Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Кавешников и Плотников од Русија.

Делегат: Панос Антониу од Кипар.

Прочитано 2.609 пати

(23) Коментари

  1. Mnogu sum razocarana!!!

  2. sramota!!kazna za site rakometari.go nistat imeto sto metalurg krvavo go stekna vo evropa i koe site go cenat.ne e rabotata vo protivnikot dali e silen ili ne,ovie nasive kako da ne sakaat da igraat.izgleda toa e moe mislenje deka poedinci se preplateni,i sega nema koj drug pa jas ke pravam sto sakam.takvi ne ni trebaat.rigorozni kazni,ili cela plata ili nadvor od klubot.SAMO EDEN E METALURG I NIKOJ NE SMEE DA SE STAVA PRED NEGO.POZDRAV

  3. Odlicen tekst – se sto treba kazavte.
    Da imase kamera vo salata samo da gi registrira izrazite na licata na gledacite. Neviden sok.
    Na krajot ovoj bod e premija, a sto ako ostanevme i bez nego ,au,au,au a mozese da bide i toa.
    Sto se odnesuva do penalite sepak Vugrinec i donekade Naumce treba da gi sutiraat,no Lino mora da gi zatvori vo sala 2 golmana i niv dvajca edno 12 casa i da sutiraat penali.

  4. trebase da se borite za vtoro mesto , a ne da se stava pod prasalnik ucestvoto vo top16, sega ako se uspee treti da bideme i nekoj Germanski tim da naletame sto ke bide mnogu tesko bide, a se mozese lanskiot uspeh da se poftori -vaka ostanuva da go gledame opstoto nezadovolstvo na igracite ,a ke pocne i kaj navivacite- mora da se menuva nesto

  5. I ovoj bod e dovolen za 1/8 finale. Samo problemot e sto ke mora Vardar sega da odraboti protiv Dinamo (i za sebe i za Metalurg) i na kraj 4-to mesto vo grupata da se proglasi za uspeh.

  6. Ideme nema hrabro natprevarot e pozadi nas sekoj uci na greski, METALURG pod hitno treba da angazira nekoj sto ke sutira samo penali ocigledno toa e nasata najslaba tocka i piker pod HITNOOOO nemoze Dimovski cela utakmica sam

  7. Што се случува со крилата есенва, особено со Дејан Манасков?
    позз

    • manaskov ne izigra dobro prvo poluvreme ?

      • Манасков изигра катастрофално прво полувреме. 3 голови од негова страна примени, пробивање, шутирање од бековска линија !

        • od negova pozicija primija samo eden gol so toa sto imaa igrac pomalce a pravilo e so igrac pomalce da zatvora na bek taka da…..

  8. Назад нема, што е тука е. Да не се критикуваме, иако вчера во салата бевме како попарени. Вие знаете да одиграте одлично тогаш кога никој не се надева. Затоа стегнете заби и покажете дека можете повеќе дури и од тоа што мислите самите дека можете. Покажа вчера Вакер Тун дека може да победи секого со добра игра и одличен голман, па зошто ние да не изненадиме некој од нашите идни противници, па дури и Барселона ако треба. Ние сме тука да ве бодриме, а ќе го заборавиме вчерашниот пораз со следната нова победа на Металург. САМО ХРАБРО НАПРЕД. .

    • Од тоа што вчера оној нерешен резултат го чувствувавме како пораз имам грешка во текстот:)

  9. Vcera bese uzasno da se bide vo salata, da bev doma tesko deka ke go dogledav mecot do kraj. Nikoj ne moze da kaze deka ne se borea, ama prosto ne sakase. Nekako srekata ni go svrti grbot vcera i plus bekovite gi zaboravija krilata. Ni Ojlevski, ni Manaskov nemaa promasuvanja, imase edno Goce, ama realno dobi mn losa topka od Vugrinec. Sekogas sme igrale preku krila, a vcera nikoj ne im podavase.
    I dajte im na Goce i na Dejan da vezbaat da sutiraat penali, do naredniot natprevar vo LS ima dosta vreme. Pa sekade krilata sutiraat penali, a samo kaj nas bekovite.

    • Потполно си во право кога кажуваш дека крилата беа заборавени, и тоа не е прв пат особено Вугринец кој е одличен играч но толку себичен или незнам што па ниедна топка не додава ни на пикер а за крило да не праиме муабет и ако некој додаде тоа е атман најчесто, додека крилата имаат премалку употребливи топки од своите позиции и тоа му дава комоција на противникот да се концентрира во одбраната само на средина. Па видете вардар како игра преку крила можеби Дибиров е одлично крило но тој добива во просек по 10-тина топки па и да промаши некоја не е страшно а нашиве крила собираат отпадоци.

  10. Publikata saka uspeh i plasman ponataka, a dali toa go sakaat i rakometarite? Zarem ne treba da pokazat pogolema borbenost pred se zaradi sebe? PSZ izgubi od Metalurg na gosti, dodeka pak Metalurg izgubi od Vaker Tun na svoi teren? Zasto sekogas po poteskiot pat, zasto ne se poraboti malku i na psihologijata na igracite, koga ke izlesete na teren kako veli Cervav site imaat dve race dve noze i topka, ama treba i da se igra i da ne se podceni protivnikot. Publikata sekogas ke bide so vas i koga gubite i koga pobeduvate no koga ke vidi deka igrate so seto srce i so maksimumot od svoite moznosti. Da se igubi od Barselona e prifatlivo, a da se izgubi od Vaker Tun i da se igra nereseno so Lovken i Nekse e pred se potcenuvanje protivnikot i nepocituvanje kon publikata. Pozdrav i mnogu uspeh vo idnina.

  11. Loso e navistina e loso, Lino se bori ama ovie nekako ne se borat i na kraj pocnaa so individualnata sila a Metalurg ne e takov tim i nikogas taka ne igral, krilata osven ojlevski se uzasni kaj goce se custvuva nekakva nervoza mnogu e nekoncentriran , Manaskov ne e toa sto bese ocito povredata go isfrli od ritam , ZUTI dosta bledo i toj se pazi i cuva, velko Markovski pod prosek e cela sezona Stanic isto tak mnogu los so isklucok na natprevarite so Pizck Segend , i na Upravata treba da mu jasno treba pod ITNO DOBAR PIKER , DESNOTO KRILO MORA DA IMA ZAMENA ISTO I VUGRINEC A MORA POVEKE DA SE PROBA SO UCESTVO VO IGRA NA PECAKOVSKI AKO NE NEZNAM ZOSTO GO KUPIJA A ONOJ COROVIC I NE BESE TAKA LOS, rezime nemoze Vugrinec sam lugje navistina e dobar ama ima 38 godini a smena da stavas na desen bek lev bak isto i so Goce mora da ima zamena a za Vanco e neophodna se bori ama 60 minuti cevoce tamu ima trganje borba i mora da im e jasno I MOJSO I ZUTI I ATMAN se centralni bekovi znaci se odlicni ama tie se organizatori na igra a ne klasicen lev bek

  12. Na najgolemite timovi sekoja sezona vo sekoj sport im se slucuvaat kiksovi. Dobro e barem 1 bod zemavme povisokite strukturi vo RK i ZRK Metalurg treba obavezno da donesat tie igraci koi se navedeni vo predhodnite komentari (golman, piker, krilata se dobri, tipicen lev i desen bek, Stanic ako brani dobro, a ako ne mu se brani cao prijatno). Da se najmi psiholog bidejki site natprevari gi izgubija vo glavata. Najdobrite timovi sekade odat na pobeda zosto pak na nas ednas da ne ni nasmee srekata i da gi pobedime Dinamo pa i PSZ na gosti. Dinamo lani gi pobedivme vo Minsk zosto sega pak da ne gi pobedime, a i PSZ dokaza povekepati deka ne e nepobedliv. Duri i na mene ova mi izgleda nerealno no so granitnata odbrana od lani, so razigran Naumce, so bombite na Vugrinec, so borbenosta na Zuti, so poveke topki do krilata i toa kako e mozno. Samo najiskrenite podrzuvaci na Metalurg veruvaat vo vakov ishod no za ova da se sluci treba i igracite da veruvaat i da igraat za cudo. Se e mozno vo sportot i zatoa ne gubete nadez pa duri i za vtoro mesto vo grupa. Podobro na pocetok da se sluci kiksot otkolku vo nekoe 1/4 finale. Samo eden Metalurg!

  13. Edna dobronamerna sugestija.

    Sledniot pat koga imate gosti koi zadolzitelno treba da prisustvuvaat na press konferencija, da si angazirate preveduvac koj na nas, onie na koi treba da im se prevede ke ni govori na makedonski a ne na bugarski jazik.

    Bese sokantno toa sto cela Makdonija go slusna vcera na presot i istovremeno krajno navredlivo za mene kako makedonka, a pretpostavuvam i za drugite. Podobro da nemase nikakov prevod otkolku srede Skopje da promovirate bugarski pred makednoski.

    Mnogu bev potresena od toa sto go slusnav i veruvam deka cela makedonska javnost zasluzuva izvinuvanje za straotniot propust koj go napravivte.

    so pocit,
    Danijela Stojik

  14. Tesko ni bese nam navivacite,no da ne zaboravime koga pocna brodot da tone, tesko im bese i na igracite.
    Bev vo sala i dobro vidov vo kakov shok bea i igracite. Nivnite lica kazuvaa deka i tie se vo bunilo ,no ednostavno taka trebalo da bide.Doma ja gledav snimkata posebno poslednite 5 minuti 6 pati…i svativ deka site treba da bideme zadovolni,na krajot srekata bese na nasa strana.
    DA NE ZABORAVIME-NIEDEN TIM VO EVROPA SO TOLKU MAL ROSTER NA IGRACI NE POSTIGNUVA VAKVI REZULTATI.
    Samo napred momci !
    Srekno od fevruari

  15. gi citam istite komentari kako posle prviot natprevar so Vardar,treba da bideme golemi i posle porazite.Zosto da ne go pobedime Dinamo Minsk na negov teren.Pa vo poslednite tri dueli go pobedivme tripai.Zatoa mu treba podrska od nas najvernite navivaci,nemojte da frlate drva i kamenja po igracite koi do vcera gi velicevme.Samo eden METALURG.

  16. nikogas vaka ne su bil ponizen od klubot za koj davav se verovatno i ke davam uste ama nekako srceto i treperi se povece od strav koj sok ni e sleden…vakvo skapano ponasanje nemam videno nikogas vo metalurg a go pratam recisi od osnovanje…dali upravata ke prevzeme sankcii protiv igracite i kakvi …ne treba da se ima milost ili ke igraat kako treba i ke ginat za etalurg i navivacite ili neka si odat vakvi samobendisani zvezdi ne mu trebaat na metalurg….dosega sekogas naodjav opravduvanje za site vo mojot klub ama vreme e da se svrte listot i da se pocne so profesionalizmot evropski vo klubot a ne pseudo profi igracive….bi mozel da pisuvam mnogu ama ostavam esto i na drugite da napisat i da analiziraat

  17. Што да напишеш, нервози, ептен телевизорот ми е многу скап… :) , другари , све е наредено во текстот, и Вие сте свесни за грешките, посебно ПОДЦЕНАТА И ПРЕЦЕНАТА, тука е и психолошкиот момент ама и недисциплина, убаво кажуваше тренерот дека нема опуштање, и не треба, Вие треба да играте 70 минути и тек тогаш да се опуштите, ДА. ќе рече некој и играчи фалат , и тоа е точно и се надеваме дека ќе пристигнат и од дома и од негдека надвор во меѓувреме, но мора да се спомене дека вакерците идат од богата држава и сигурно се добро мотивирани онака да “умираат” на терен. Поздрав и честитки и голема молба вакви шокови повеќе НЕ, зошто знаете да играте и добро почнавте, и добра лекција е зошто резултатот се прави во првите минути, после само се одржува со добра игра напред и назад на теренот и најбитно школо е дека на крај се брка резултат од лоши калкулациии а Вие го доживевате тоа неколку пати.

  18. pod itno da se donesat piker, lev bek i desen bek. Mora da se rotiraat igracite dokolku sakame dobar plasman

Напишете коментар


2 + = 9