Известување на Ракометната академија Металург

10.03.2020 15:11
69653660_956912951335823_2276418527571214336_n-610x610

Ракометна академија Металург, согласно препораките за превенција и заштита на јавно здравје, а во согласност со Заклучокот на Седница на Владата одржана на 08.02.2020 година, и во согласност со позитивните прописи од оваа област, денеска донесе одлука за привремен прекин со работа на ракометните школи.

Се известуваат сите тренери веднаш за ова да ги информираат учениците кои тренираат во Академијата, како и училиштата во кои се одвиваат тренинзите. Ракометната академија ги информира тренерите, учениците и нивните родители дека одлуката стапува во сила во моменотот на донесувањето и ќе важи се додека постојат препораки од Владата за превенција и заштита на јавно здравје.

Прочитано 271 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 3