ИЗВИЃАЧ ГО ПРЕТРПЕ СВОЈОТ НАЈТЕЖОК ПОРАЗ ВО СЕХА НАТПРЕВАРИТЕ

13.03.2012 23:07
GIL_9440_resize

Денешниот натпревар помеѓу комбинираниот состав на Металург и екипата на Извиѓач не ги донесе очекуваните возбудувања. Металург се справи со гостите од Љубушки многу полесно од очекуваното, нанесувајќи им го најтешкиот пораз во досегашниот тек на натпреварувањето во СЕХА лига.

Металург настапи во истиот состав од Вараждин, зајакнат со Станиќ на голот, и Марковиќ на клупа.

Натпреварот почна во водечки гол за екипата на Извиѓач, но набрзо се претвори во канонада на голови на Металург. Во 10-та минута беше 4:1, во 18-та веќе 10:2 за нашиот тим. Веќе тука беше јасно кој ќе ги освои бодовите, единствена дилема беше крајната гол разлика. Металург постојано притискаше на противничкиот гол и во 23-та минута стигнавме до 13:4, а на одмор заминавме со  15:6.

Вториот дел само ја потврди нашата супериорност. Разликата почна брзо да се зголемува се до максималните 16 гола предност во 51-та минута, 27:11. Конечниот резултат од оваа средба е 31:16.

Импресивно издание на Металург кој само ја потврди зрелата игра од Вараждин. Повторно игравме без своите главни адути но нивното отсуство не се забележа во нашата игра. Уште една одлична партија на Стојчевски кој постигна 6 гола, сите од игра.

РК Металург – РК Извиѓач  31:16 (15:6)

РК Металург: Станиќ 12 одбрани, Ангелов, Митревски, Левов 6 (2), Димовски 4 (2), Маџовски 1, Марковиќ, Наумовски 3, Георгиевски 3, Манасков, Миркуловски 1, Маркоски, Зл.Мојсоски 2, Стоилов 2, Стојчевски 6 и Алушовски 3.      Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 0 минути.

РК Извиѓач: Миличевиќ, Милас 3, Жељиќ 1, С. Буриќ, Матиќ, Б.Буриќ, Борас 1, Чуљак 1, Толиќ, Вегар 1, Илиќ 2, Ерес 3, Томиќ 1 и Делиќ 3.     Седмерци: 0.      Исклучувања: 8 минути.

Судии: Иван Павичевиќ и Милош Ражњатовиќ од Црна Гора.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Гледачи: 800.

Фотогалерија:

Прочитано 932 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 4