Топ Вести

ЈА ЗАГУБИВМЕ СРЕДБАТА СО НЕКСЕ

04.03.2015 21:57
2176_142549563_resize

za tekst

Металург ја загуби средбата со екипата на Нексе, со резултат 25:19 (12:10).

Оваа важна средба Металург ја одигра хендикепиран поради отсуството на ударните бекови Талески и Нелоски, но и поради неуиграноста на нашите нови ракометари кои настапија по само еден тренинг со остатокот од екипата. За жал, имаме уште само неколку официјални средби пред почетокот на завршницата во македонското првенство, и затоа новите ракометари, иако неподготвени, мораа да добијат доволна минутажа и на денешната средба. Меѓу борбата за шестото место во СЕХА-лигата и подготовките за македонскиот плеј-оф, го одбравме второто.

Првото полувреме го почнавме добро и имавме предност во првите неколку минути. Криза дојде во период од 5. до 17. минута, кога примивме четири, а не дадовме ниту еден гол, за предност на противникот од 6:3. Нексе поведе и со четири гола разлика, првпат во 22. минута, 10:6. Кон крајот на овој период Металург ја стегна одбраната и успеа да реализира неколку напади, па на одмор заминавме со негатива од само два гола, 10:12. Се на се, во првото полувреме оставивме добар впечаток.

За жал, тоа не може да се каже за вториот дел од средбата. Во првите 15-ет минути од овој период постигнавме само два гола, а примивме дури осум. Направивме голем број технички грешки (вкупно дури 20), бевме неповрзани во нападот, промашивме вкупно 15 удари кон голот, што противникот не пропушти да го искористи и да стекне висока предност, која во 48. минута изнесуваше и цели десет гола, 12:22. Металург заигра подобро дури при крајот на натпреварот, кога успеа да ја намали предноста на противникот на шест гола, за конечни 25:19.

Особено разочара нашата игра со играч повеќе, бидејќи, при трите исклучувања кај противникот, не успеавме да постигнеме ниту еден гол, а примивме дури три. Исто така, имавме очајна реализација при изведувањето на седмерците, со ефект од еден гол од четири седмерци. Ова се и главните причини за релативно високиот пораз.

Следниот натпревар е веќе в петок, кога во Бања Лука го играме натпреварот против екипата на Борац Б.Л.

Нексе – Металург  25:19 (12:10)

Нексе: П.Лелиќ (3 одбрани + седмерец), Јузбашиќ (5 одбрани + 2 седмерци), Гаџа, Црниќ 2, Мрџеновиќ 1, Јаман 1, Томас, Јурјевиќ 3, Соколиќ 3, Нуиќ, Павлетиќ 3, Сакиќ 1, Вегар, Ороз 5, Челеби 5 и Херцег 1.      Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Металург: Митревски (6 одбрани), Ефендиќ (1 одбрана), Голубовиќ 1, Ојлески, Борј.Маџовски 1, Костески 2, Манасков 5, Бувиниќ 3, Кукоски 1, Крстевски, Бој.Маџовски, Војводиќ 1, Пешевски 1, Џукиќ 1, Вргоч и Стојановиќ 3.     Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 1.948 пати

(1) Коментар

  1. И повторно немаме играч задолжен за пенали да шутира

Напишете коментар


+ 4 = 13