Јагуриноски: Го издржавме нивниот налет, заслуживме победа

28.12.2019 21:48
jagurinoski-(1)

Македонија утре од 17:15 часот во салата на Динамо Букурешт ќе игра во финалето на Трофеј Карпати и со тоа ја завршува годинешната фаза од подготовки за настап на ЕП.

Денешниот меч беше најдобриот од трите одиграни во овој период, посебно првото полувреме, но треба да се одбележи и добрата игра на противникот кој успеа да анулира пет од шесте гола што Македонија ги имаше на полувреме.

.

Одигравме одлично прво полувреме во кое направивме голема предност, но во вториот дел, имавма мал пад, а тие влегоа во еуфорија. 
Се обидоа на таков начин, со еуфорија да не натераат на грешки, да ни ја одземат самодовербата, но бевме мирни, не го загубивме водството ниту еднаш. Го издржавме и нивниот последен силен бран и заслужено ги победивме“, изјави Томи Јагуриноски, леворакиот бек на Металург и на македонската репрезентација.

Прочитано 258 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 2 =