Јапонија ни го нанесе досега најтешкиот пораз на кадетското СП во Скопје

12.08.2019 22:26
MKD-Denmark-11.08.2019-WCH-U19-7925_resize

По два добри натпревари на Македонија, го очекувавме дуелот со Јапонија, со надеж дека со победа ќе можеме да стигнеме и до второто место во нашата група. Место тоа видовме крајно бледо издание на нашите ракометари, кои средбата ја загубија уште на самиот почеток.

Македонија катастрофално го почна овој важен натпревар и веќе во осмата минута имаше негатива од 6 голови, 0:6. Нашиот прв гол го постигна Костески дури во деветтата минута. До крајот на средбата не успеавме да намалиме под -4, а во еден наврат имавме и негатива од цели 10 гола. Нашите ракометари делуваа незаинтересирано, без жар во одбраната и со безброј грешки во нападот. За жал, незаинтересирано делуваше и нашата клупа, а зачудува и фактот што селекторот Брестовац не виде причина да искористи тајмаут во второто полувреме.

Како да е, групната фаза ја завршивме со две победи и со три порази, па овој скромен учинок не смести на четвртото место во групата. Успеавме да се пласираме во осминафиналето, но таму ќе се сретнеме со Португалија, една од трите селекции кои групната фаза ја завршија со максимални 10 бодови.

.

Македонија  – Јапонија  22:31 (11:15)

Македонија: Кизиќ (5 одб.), Петковски (7 одб.), Кондев, Џигероски, Мелоски, Ќосевски, Божиновски 2, Митиќ 2, Карапалевски 1, Симоноски 1, Серафимов 4, Костески 8, Младеновиќ 2, Ников, Ѓорѓиев 1 и Гајиќ 1.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 4 мин.

Јапонија: Ишихама (10 одб.), Јамура, Такаги, Сато, Кани 4, Кубота 1, Јасухира 4, Шимицу 3, Јошида 4, Фујикава 3, Јамагучи 4, Асано, Ишида, Харута 5, Еномото 1 и Цутаја 2.   Седмерци: 4/4.  Исклучувања: 2 мин.

Судии: Алексеј и Игор Ковалчук од Молдавија.

Делегати: Јоана Бремер од Полска, Лидија Бојиќ Чачиќ од Хрватска и Андерс Бирх од Данска.

Прочитано 493 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 1