ЈУНИОР СЕ ВРАЌА ПОРАЗЕН ОД БИТОЛА

23.10.2012 22:05
664287_376446625764658_755317521_o

Неочекуван резултат доаѓа од Битола. Металург јуниор е високо поразен од тимот на Битола, со резултат 23:35 (11:21). Навистина тежок пораз во натпревар што очекувавме да го добиеме.

Натпреварот го загубивме уште во првото полувреме. Битола стартуваше со 4:0, а потоа и 8:2, 13:4, 16:6 и 18:7. Полувремето заврши со предност на домашниот тим од цели 10 гола, 21:11.

Игравме лошо, многу лошо, со голем број технички грешки.

Го загубивме и второто полувреме, со резултат 12:14, но барем бевме порамноправни.

РК Битола – РК Металург јуниор 35:23 (21:11)

РК Металург Јуниор: Ивановски, Даниловски, Гинов, Пешевски 2, Нелоски 4, И. Крстевски 2, Манасков 2, Матијашиќ 1, Велковски, Маркудов, Талески 3, Бој. Маџовски 1, Борј. Маџовски, Давитковски 3, Стојановски и Г. Крстевски 5.  Седмерци: 7/9.  Исклучувања: 2 минути.

Фото:

Прочитано 668 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2