Кадетите и младинците од Унгарија се враќаат со девет победи

02.04.2018 15:25
29662994_1458214890949343_5373364505421484333_o

Денеска нашите две селекции, кои се дел од Велигденскиот турнир во Унгарија, извојуваа уште една двојна победа против соодветните репрезентации на Бугарија и своето учество на турнирот го заокружија со девет чисти победи од исто толку одиграни средби.

Најпрво својот последен натпревар го одиграа нашите кадети, кои по вторпат ја совладаа Бугарија, овој пат со резултат 31:20 (15:9).

Македонија: Василевски, Петковски, Кизиќ, Божиновски 2, Кондев 1, Ѓорѓиев, Каковски, Џигероски 3, Серафимов 4, Витанов 1, Костески 4, Ќосевски 1, Стојков 2, Гајиќ 6, Митиќ 2, Шокоски 3, Даев 1 и Ивановски 1.

Кадетите на турнирот по двапати ги победија екипата на Егерсеги и селекцијата на Бугарија, а еднаш беа подобри и од кадетската екипа на Веспрем.

Македонија – Егерсеги    55:13 (25:6)
Македонија – Веспрем    27:25 (12:12)
Македонија – Егерсеги    42:10 (21:6)
Македонија – Бугарија    31:20 (15:9)
Македонија – Бугарија    33:21 (17:12)

—————–

Потоа својата средба со Бугарија ја завршија и младинците, кои денеска славеа со резултат 41:29 (16:13).

Младинците двапати ја совладаа Бугарија и по еднаш младинската екипа на Веспрем и младинско-сениорската екипа на Ајка.

Македонија – Веспрем    23:22 (13:14)
Македонија – Ајка    24:23 (14:10)
Македонија – Бугарија    32:17 (20:8)
Македонија – Бугарија    41:29 (16:13)

Прочитано 298 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4