Кадетите на Металург 2 го совладаа тимот на Драчево

10.11.2019 19:58
DAR_3692_resize

Во натпревар од кадетското првенство на Македонија, група 1, кадетите на Металург 2 го совладаа Драчево. Победата е минимална, но исклучително вредна, особено што е извојувана со пресврт во самата завршница.

Драчево водеше во поголемиот дел од натпреварот, на полувреме со резултат 8:11. Во вториот дел гостинските ракометари имаа максимална предност од четири гола, но тоа не ги поколеба нашите кадети, кои чекор по чекор се доближија до резултатот на противникот. Израмнивме при резултат 19:19, а потоа и поведовме со 23:22 и 24:22. Гостите намалија на 24:23 и тоа е конечниот резултат од оваа средба.

По обичај, најпрецизен во нашите редови беше Томислав Димковски, кој постигна 10 голови.

Кадетите на Металург 2 сега имаат две победи и еден пораз, а во следното коло ќе и гостуваат на екипата на Алушовски.

.

РК Металург 2 – РК Драчево  24:23 (8:11)

РК Металург: Ангеловски, Субашевски 4, Петровиќ 2, Васевски, Грујевски, Гилев 1, Стојановски 4, Ангелески 2, Таневски, Димковски 10, Николовски, Талевски, Арсовски, Насевски, Георгиевски 1 и Филиповски.    Седмерци: 2/6.    Исклучувања: 10 минути.

РК Драчево: Тевдовски, Донаков, Мисардовски, Пејковски 3, Митевски, Поповски 2, Петковски 9, Атанасовски, Ангелевски, Петровски, Пешкирски 6, Соколоски, Трајковски 3 и Поповски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Кристијан Белимов од Скопје.

Прочитано 381 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 6