Топ Вести

КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ БЕЗ МИЛОСТ ЗА ГОГО ОД КИЧЕВО

18.10.2014 16:17
_DSC0080_resize

za tekst

Лесна задача имаа нашите кадети на денешната средба против екипата на Гого од Кичево. Забележавме убедлива победа, со резултат 39:12 (17:4).

Од самиот почеток гостите беа во подредена состојба и веќе во 12-та минута дојдовме до двоцифрена предност, 12:2. На одмор екипите заминаа при резултат 17:4.

Во вториот дел продолживме со атаците врз голот на кичевчаните, а разликата набрзо стигна и до цели 20 гола, 30:10 во 46-та минута. На крајот, постигната е убедлива победа, со резултат 39:12.

Најдобар во нашите редови беше Дарко Стојковски, кој седумпати ја смести топката во голот на противникот.

Металург – Гого  39:12 (17:4)

Металург: Обреновиќ, Алушовски, Стојковски 7, Здравковски, Смилевски 4, Стојменов 2, Гошевски 2, Лембанов 5, Танкоски, Илиевски 3, Митревски 4, Лазаревски 1, Беќаровски 3, Петрески 4, Реџиќ 1 и Шулевски 3.       Седмерци: 0/1.       Исклучувања: 0 минути.

Гого: Ангелески, Цветановски 5, Илиоски, Анѓелкоски, Петрески, Богдановски, Србиновски 3, Степаноски, Трпески 4, Јандриоски, Костоски, Вељаноски, Шрчковски, Сабитоски, Димоски и Тасески.       Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 0 минути.

Судии: Металари И9смаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Прочитано 910 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 6