Топ Вести

КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО ДЕМОЛИРАА ТИМОТ НА ГОГО ВО КИЧЕВО

08.03.2015 14:19
_DSC0114_resize

za tekst

Во продолжението на кадетското првенство на Македонија, екипата на Металург им нанесе катастрофален пораз на врсниците од Кичево, на нивен терен. Нашите момчиња победија со резултат 41:12 (17:7).

Тоа беше нерамноправен натпревар во кој преголемата разлика во квалитетот на двата состави се виде од самиот почеток. Лесно стигнавме до предност од шест гола, 7:1, а на одмор заминавме и со цели десет гола разлика 17:7.

Уште полошо домаќинот помина во второто полувреме, кое заврши со резултат 24:5.

Шилегов, со 13 гола, и Димитриоски, со 10, беа првите стрелци во нашиот тим.

РК Гого – РК Металург  12:41 (7:17)

РК Металург: Блажевски, Обреновиќ, Реџиќ, Шулевски 1, Здравковски, Димитриоски 10, Илиевски 6, Шилегов 13, Лембанов 1, Танкоски 2, Митревски 4, Лазаревски 4 и Беќаровски.      Седмерци: 0.      Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 1.036 пати

(1) Коментар

  1. Pa kje gubat koga trenerov namesto da gi nauci,si go drzi na utakmica!!! 😀

Напишете коментар


9 − 1 =