Кадетите на Металург го надиграа Драчево

24.03.2019 19:31
_DSC0250_resize

Во 9. коло на кадетската лига на Македонија, група 1, екипата на Металург го надигра тимот на Драчево, кој го совлада со убедливи 43:26 (21:15). Ова е шеста победа на нашите кадети во тековната сезона.

Денешната средба мина во целосна доминација на Металург, кој имаше константно и убедливо водство во текот на целата средба, со исклучок на воведните минути, кога екипите се менуваа во водство. Но, како што минуваше времето, Металург беше се посигурен, па разликата порасна до шест голови по првите 30 минути.

Уште подобро го одигравме второто полувреме во кое постигнавме 22, а примивме само 11 голови.

Интересно, со исклучок на голманите, на листата на стрелците се запишаа сите наши ракометари кои настапија на денешната средба.

.

РК Металург – РК Драчево  43:26 (21:15)

РК Металург: Ацевски, Димевски 2, Фидановски 1, Крстев 2, Стојановски 3, Вељановски 2, Стојчески 2, Петровски 3, Јорданов 2, Василев 2, Петковски 9, Брестовац, Мелоски 5, Николов 3, Стојковиќ 1 и Андревски 6.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 4 минути.

РК Драчево: Перчуклиевски, Тевдовски, Донаков 1, Мисардовски 1, Ѓ.Пејковски 4, Бадаревски 4, И.Пејковски 3, Џепароски 3, Атанасовски, Петковски 3, Ангелевски, Трендафиловски 1, Пешкирски 2, Јовановски 4 и Трајковски.   Седмерци: 3/4.    Исклучувања:  6 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 242 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 4