Кадетите на Металург го надиграа тимот на Војнисон Вардар

06.05.2018 16:07
_DSC0089_resize

Во рамките на 12. коло на кадетското првенство на Македонија, група 3, во Автокоманда се одигра средбата меѓу екипите на Металург и на Војнисон Вардар.

Победата заслужено им припадна на нашите ракометари, кои доминираа во најголемиот дел од средбата. Всушност на противникот му припаднаа само првите две-три минути, кога поведоа со 0:2, за после тоа контролата врз играта и врз резултатот да мине во посед на ракометарите на Металург. Веќе по првите 30 минути имавме солидна предност од 6 гола, 17:11, но вистинска катастрофа на противникот му се случи во второто полувреме, кое го добивме со 22:6.

До крајот на групната фаза останаа да се доиграт уште две кола, а Металург се бори за место во кадетскиот фајналфор, каде ќе се обиде да се пласира како најдобра второпласирана екипа во групите.

.

РК Металург – РК Војнисон Вардар  39:17 (17:11)

РК Металург: Ацевски, Брестовац, Димевски 1, Дуноски 7, Табаковски 1, Донев 3, Стерјев 2, Мелоски 4, Јорданов 6, Андревски 6, Б.Вељановски 4, Прентоски 2, А.Вељановски, Блажевски, Николов 3 и Петровски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

РК Војнисон Вардар: Коруноски, Кижески 2, Јолески, Јаковлески, Ахмеди, Анѓелевски, Алексоски 9, Богданоски 5, Трајковски и Мирчески 5.   Седмерци: 1/1.   Исклучени: 4 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

Прочитано 57 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1