Кадетите на Металург го победија Аеродром и завршија на второто место во својата група

25.05.2019 20:19
DSC0001_resize7

Во последното коло од кадетското првенство на Македонија, група 1, екипата на РК Металург го совлада тимот на Аеродром и го потисна својот противник на третата позиција во групата. Иако средбата се одигра во Автокоманда, улогата на домаќин ја имаше тимот на Аеродром. Средбата заврши со резултат 32:35 (17:21), во полза на нашите ракометари.

Кадетите на Металург имаа целосна контрола врз случувањата на теренот во текот на сите 60 минути и не му дозволија на противникот во ниту еден момент да има резултатска предност.

За жал, Металург не обезбеди настап на кадетскиот фајналфор, каде ќе настапат победниците на трите групи и најдобриот второпласиран тим, а тоа е Еурофарм Работник од групата 3.

Металург  ја плати цената на лошиот старт во првенството, а со својатата моментална сила и форма секако заслужи место меѓу најдобрите. Тоа најдобро го покажа на двете последни средби, во кои се сретна со Вардар и со Аеродром, кои во тој момент беа подобропласирани од нас. Вардар успеа да извлече реми со сомнителен пенал по истекот на времето, а Аеродром е совладан во последното коло.

Сепак, Металург уште еднаш докажа дека е фабрика за таленти, а една сосема нова генерација на наши ракометари полека си го пробива патот во големиот ракомет.

.

РК Аеродром  – РК Металург  32:35 (17:21)

РК Аеродром: Трајчевски, Ивановски, Антевски 8, Ташевски 2, Станојевиќ, Шумовски, Стефановски 1, Митев 1, Блажевски, Омерагиќ 6, Спасовски 4, Вељановски7, Андоновски 3, Симоновски и Стојчевиќ.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Стојчевски, Димевски 1, Фидановски 4, Крстев, Миндошев, Петковски 9, Стојчески, Петровски 2, Јорданов, Василев, Митковски, Брестовац 1, Мелоски, Николов 9, Стојковиќ и Андревски 9.    Седмерци: 7/7.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Владимир Саздовски од Гостивар.

Прочитано 380 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 4 =