Кадетите на Металург го совладаа Бутел

09.09.2018 14:13
DSC0319_resize

Во второто коло од кадетската лига на Македонија, група 1, екипата на Металург ги совлада врсниците од РК Бутел, со резултат 26:23 (17:13). Видовме израмнет и борбен натпревар во кој победата и трите бода заслужено им припаднаа на нашите момчиња.

Првото полувреме во најголем дел мина со минимална предност на гостинскиот тим, кој највисока предност имаше на почетокот, 1:4. Лесната доминација на гостите ја прекинавме во самата завршница на првото полувреме кое, со неверојатна серија од 6:0, го завршивме со предност од 4 гола, 17:13.

На почетокот од вториот дел повторно се разви жестока борба и гостите во еден момент повторно стекнаа минимална предност, 18:19. Но, тоа беше се од нивниот отпор. Металург многу брзо го врати водството и го задржа до самиот крај.

.

РК Металург – РК Бутел  26:23 (17:13)

РК Металург: Брестовац, Ацевски, Стојановски, Фидановски 1, Донев 1, Меловски 3, Вељановски 1, Андревски 6, Табаковски 1, Василев, Стојковиќ, Блажевски, Јорданов 1, Николов 11 и Стојчески 1.   Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 14 минути.    Црвен картон (3х2 мин): Табаковски во 32. минута.

РК Бутел: Јачовски, Грозданов 1, Бојковски, Танев 9, Алији 4, Стојковиќ, Мутовски, Ангелов, Апостоловски, Груби, Стоилковски 2, Стојановски 6, Дрпљанин 1, Георгиевски и Стојчевски.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 16 минути.    Црвен картон (3х2 мин): Стојановски во 32. минута.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 321 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 4