Кадетите на Металург го совладаа тимот на Алушовски

06.05.2019 19:56
DSC0221_resize

Во 15. коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, екипата на РК Металург во Автокоманда го совлада тимот на РК Алушовски, со резултат 29:24 (14:12). Ова е десетта победа на нашиот тим во тековното првенство, со која се уште ги задржуваме шансите за настап на кадетскиот фајналфор.

Металург во текот на целата средба имаше комплетна контрола на се што се случуваше на теренот и водеше во текот на сите 60 минути.

Највисоката наша предност изнесуваше седум голови, достигнати во второто полувреме.

До крајот на групната фаза остануваат уште три кола, а за нас најважни се последните две во кои дома ќе играме со Вардар, а на гости со екипата на Аеродром, двете екипи кои се пред нас на врвот на табелата.

.

РК Металург – РК Алушовски  29:24 (14:12)

РК Металург: Ацевски, Брестовац, Димевски 3, Фидановски 4, Крстев 1, Петковски 5, Вељановски, Стојчески, Петровски 5, Јорданов, Василев 2, Митковски, Мелоски 1, Николов 1, Андревски 7 и Стојановски.    Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 6 минути.

РК Алушовски: Начевски, Стојчевски 5, Деспотовски, Абдулкарим 3, Пановски, Пав.Атанасиевиќ, Бурчевски, Пет.Атанасиевиќ 3, Ѓоргиев 1, Ивановски, Крстевски 4, Гојдовски, Павловски, Табаковски 5 и Штерјев 3.    Седмерци: 5/7.     Исклучувања: 18 минути.

Судии: Давидовски Илија и Стојановски Бобан од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 312 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 4