Кадетите на Металург го совладаа тимот на РК Алушовски

07.10.2018 16:39
_DSC0042_resize

Во шестото коло на машката кадетска лига на Македонија, група 1, кадетите на Металург на гости го совладаа тимот на РК Алушовски, со резултат 23:28 (10:18).

Оваа средба имаше две различни полувремиња. Во првиот дел видовме одлично издание на кадетите на Металург, кои од самиот почеток го опседнаа голот на противникот и веќе во првата половина од првото полувреме имаа цели 8 гола разлика, 1:9. Со истата ова разлика заврши првото полувреме, 10:18.

Во второто, пак, полувреме се разигра тимот на РК Алушовски, кој ги искористи грешките на нашите кадети и постепено ја надризуваше нашата предност. Работите станаа многу сериозни во завршницата на средбата, кога РК Алушовски се доближи на само гол растојание, 23:24. Сепак, нашите кадети се соземаа и направија серија од 4:0, за конечни 23:28.

.

РК Алушовски – РК Металург  23:28 (10:18)

РК Алушовски: Арсовски, Пав.Атанасиевиќ 6, Пет.Атансиевиќ 2, Костадиноски, Пановски 1, Ѓоргиев 1, Божиновски, Велковски, Начевски 5, Стерјев, Јанкиевиќ, Бурчевски, Крстевски 4, Велков 3, Николиќ 1 и Серафимовски.     Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски 4, Фидановски 1, Блажевски, Дуновски, Миладиновски, Миндошев 3, Василев, Јорданов, Донев 1, Петровски 7, Брестовац, Мелоски 5, Николов 5, Стојковиќ и Андревски 2.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Здравковска Андријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

Прочитано 204 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 7 =