Топ Вести

Кадетите на Металург испуштија победа против Вардар во Кале

28.04.2018 20:15
_DSC0017_resize

Во решавачкиот натпревар за освојување на првото место во групата 3 од кадетското првенство на Македонија, Металург и Вардар одиграа нерешено, 23:23 (12:15). Средбата се одигра во СРЦ “Кале“, а на Металург му требаше победа со разлика од два гола, по поразот доживеан во Автокоманда, во 4. коло, кога загубивме со резултат 25:26.

Денешната средба мина во огорчена борба на две квалитетни екипи. Поголемиот дел од првото полувреме мина во знакот на Вардар, но крајот на првиот дел и целото второ полувреме мина во доминација на Металург, кој во неколку наврати имаше и предност од пет гола. Сепак, во финишот на средбата попушти концентрацијата кај нашите ракометари, кои дозволија Вардар во својот последен напад да го израмни резултатот.

Овој нерешен резултат му донесе прво место на тимот на Вардар, кој од таа позиција ќе настапи во фајналфорот, додека Металург ќе се надева дека во последните две кола ќе се избори да биде најдобра второпласирана екипа, која исто така ќе настапи на завршницата во кадетското првенство.

.

Вардар – Металург  23:23 (12:15)

Вардар: Стојковски, Мишевски, Чакалиќ 8, Павловски 1, Трајановски, Ташевски, Димитриевски 2, Чорогунов, Јанчев, Србиновски, Грујовски 4, Трајчевски, Савревски 1, Димчевски 4, Мирчевски и Калајџиевски 3.   Седмерци: 4/5.   Исклучени: 8 минути.

Металург: Ацевски, Брестовац, Димевски, Дуноски, Табаковски 1, Данев, Петковски, Стерјев, Мелоски 2, Андревски 2, Б.Вељановски 5, Прентоски 9, А.Вељановски, Блажевски 1, Николов 2 и Петровски 1.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 45 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 2