Кадетите на Металург ја прегазија Струга и закажаа финале со екипата на Младост

23.06.2021 15:21
DAR_0481_resize

Во Богданци денеска се игра фајналфорот во машка кадетска конкуренција.

Екипата на Металург настапи во второто полуфинале во кое катастрофално го поразија тимот на Струга, кој го совладавме со резултат 19:31 (8:15).

На овој натпревар на самиот почеток стана јасно кој е победникот, бидејќи нашите кадети старуваа со разурнувачка серија од 7:0. Оваа разлика ја имавме во текот на целото полувреме и со нејзе заминавме и на одмор, 8:15.

Екипата на Струга на почетокот од второто полувреме се обиде да стори нешто повеќе, стигна на негатива од пет гола, но беше јасно дека за повеќе нема ниту сили, ниту квалитет. Металург продолжи со својата игра и постепено ја зголеми својата предност до максималните и конечни +12, 19:31.

Најдобри во нашите редови беа Петковски, со седум постигнати голови, и Тотиќ, кој даде пет гола.

Во финалето на турнирот, кое е планирано со почеток во 19.30 часот, ќе се сретнеме со домаќинот, екипата на Младост, кој во полуфиналето го совлада тимот на Вардар, со резултат 15:13 (6:8).

.

РК Струга – РК Металург  19:31 (8:15)

 РК Струга: Јовчески 1, Дејкоски, Трифуновски 5, Ашталаковски 1, Димевски 3, Шекуткоски 1, Аврамовски 3, Затараковски, Митровиќ, Симоновиќ, Анѓелески, Ф.Мечкароски 4, С.Мечкароски, Гускаровски, Вељановски 1 и Петрески.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Гилев 3, Талевски, Н.Анѓеловски, Субашевски 2, Ѓорѓиевски 1, Грујевски 1, Стојановски, Димковски 4, Божиновски, Петковски 7, Стевков 1, Филиповски 3, Тотиќ 5, В.Анѓеловски 3, Насевски 1 и Ѓоргиев.     Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 4 минути.

Судии: Александар Грувски и Ѓорѓи Чалдаров.

Делегат: Васил Чавдаров

Прочитано 196 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 13