Кадетите на Металург обезбедија настап на кадетскиот фајналфор

20.06.2021 16:03
202770901_874198233454925_5441129794327437594_n

Кадетите на Металург обезбедија учество во завршницата на кадетското првенство на Македонија. Нашите кадети “се прошетаа“ низ групната фаза и со четири победи го освоија првото место во групата “В“.

По двете победи в петок, против екипите на Аеродром и на Македонија ЃП, и вчерашната против КЛ7 Свети Николе, денеска нашите кадети катастрофално го поразија тимот на Бисимов и супериорно го заверија настапот на кадетскиот фајналфор.

Денешниот натпревар против екипата на Бисимов се одигра во Свети Николе и заврши со неверојатен резултат 34:5 (16:2). Победивме со дури 29 голови разлика и тоа во натпревар кој трае само 40 минути. Згора на се, водството на нашиот тим денеска малку го користеше нашиот најдобар играч – Александар Петковски.

Нашите момчиња, покрај одличниот напад, постигнавме дури 34 гола, прикажаа и врвна игра во одбраната и на противникот му дозволија да се радува на само пет постигнати гола, два во првото и три во второто полувремиња.

Во текот на наредната седмица ќе се одржи завршницата во кадетската лига.

.

РК Бисимов – РК Металург  5:34 (2:16)

РК Бисимов: Вељановски, Ристовски 1, Иванов 1, Стојановски 1, Миланов, Славков, Стаменков, Костов 1, Андовски 1, Пранговски, Ѓошевски, Велковски, Пецев и Станчев.    Седмерци: 0.     Исклучувања: 2 минути.

РК Металург: Гилев 1, Талевски, Н.Ангеловски, Субашевски 3, Ѓорѓиевски 3, Грујевски 5, Стојановски 1, Димковски 1, Божиновски 2, Петковски 1, Стевков 1, Филиповски 3, Тотиќ 1, В.Ангеловски 2, Насевски 3 и Ѓеоргиев 7.     Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 2 минути.

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски.

Делегат: Кристијан Белимов.

Прочитано 454 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 6