Кадетите на Металург освоија важни бодови во Ѓорче Петров

23.04.2019 23:40
DSC0001_resize7

Во 14. коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, кадетите на Металург се вратија со победа од “жешкиот“ терен во Ѓорче Петров. Екипата на Македонија ЃП е совладана со резултат 36:32 (18:19).

 Видовме вистински првенствен натпревар, во најголем дел израмнет, но и со две различни полувремиња. Ако во првиот дел домашните ракометари имаа повеќе од играта и го завршија со минимална предност, во второто полувреме се разиграа кадетите на Металург и направија комплетен резултатски пресврт.

Македонија ЃП имаше континуирана предност во првото полувреме и постојано водеше со 1 до 3 гола разлика, но нашите кадети сепак најдоа начин да се вратат во игра и имаа 18:18 на самиот крај од ова прва половина на средбата. Домашниот состав последен постигна гол и на одмор замина со минимални 19:18.

Се се измени во второто полувреме. Металург брзо израмни на 20:20, а потоа поведе и своето водство го задржа до самиот крај на овој натпревар. Нашата највисока предност изнесуваше 5 гола, 30:35, а конечниот резултат е 32:36.

Ова е значајна победа за нашиот тим, бидејќи ги задржа шансите за пласман на кадетскиот фајналфор. За нас решавачки ќе бидат средбите од последните две кола во кои ќе се сретниме со директните конкуренти – екипите на Вардар и на Аеродром. Двете средби ќе се одиграат во Автокоманда.

.

РК Македонија ЃП – РК Металург  32:36 (19:18)

РК Македонија ЃП: Ајрулау, Кафтански, Симеоновски 1, Добрески 3, Максимовиќ 2, Василевски 7, Тркалески 3, Тренески, З.Крстевски 1, Наков 7, Тахировиќ, Панов и А.Крстевски 8.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Ацевски, Димовски 3, Фидановски 9, Крстев, Петковски 4, Вељановски, Стојчески, Петровски 8, Јорданов 1, Миндошев, Митковски, Брестовац, Мелоски 5, Николов 3, Стојковиќ 3 и Василев.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 282 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 5