Кадетите на Металург победија на гостувањето кај екипата на Шампион

12.05.2019 19:08
DSC0346_resize

Во 16. коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, екипата на Металург оствари гостинска победа во мечот со тимот на Шампион. Својот противник го совладавме со резултат 33:37 (18:20).

Во овој натпревар комплетната контрола имаа нашите ракометари, кои водеа во текот на сите 60 минути.

Уште рано во првото полувреме стекнавме солидна предност од 4 гола, 2:6, а потоа и од 5 гола, 5:10, која ни даде сигурност и верба во победа. До крајот на првиот дел, Шампион ја преполови нашата предност и на одмор заминавме со позитива од два гола, 18:20.

Вториот дел го одигравме во ист стил, а предноста ја зголемивме до 4 гола.

По ова наша победа и поразот на екипата на Аеродром од тимот на Бутел, Металург се искачи на второто место, веднаш зад Вардар. До крајот на групната фаза остануваат само две кола во кои се среќаваме токму со Вардар (дома) и со Аеродром (на гости). Од исходот на овие две средби и зависи нашето учество на кадетскиот фајналфор.

.

РК Шампион – РК Металург  33:37 (18:20)

РК Шампион: Митевски, Јосифовски, Николовски 3, Јанакиевски 4, Дабески 3, Богоевски 2, Јорданов 10, Јордановски, Аспровски, Терзиевски 1, Серафимовски 1, Фичорски 4, Кочаров 2, Спирковски, Дуковски 1 и Соколовски 2.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 4 минути.

РК Металург: Ацевски, Брестовац, Димевски 1, Фидановски 11, Крстев, Петковски 4, Вељановски, Ралев, Миндошев, Јорданов 5, Василев, Митковски, Меловски 6, Николов 4, Стојковиќ 1 и Андревски 5.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 280 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 7