Кадетите на Металург победнички од гостувањето кај Бутел

01.04.2019 13:44
DSC0221_resize

Кадетите на Металург извојуваа значајна победа на гостувањето кај екипата на РК Бутел. Победивме минимално, но сосема заслужено, особено што бевме одлични тогаш кога тоа требаше – во финишот од средбата.

Самиот натпревар помина во израмнета борба, со периоди во кои двете екипи имаа резултатска предност. Во текот на средбата домашниот состав почесто беше во водство, но нашите кадети секогаш успеваа да возвратат и да бидат постојано во позиција да се борат за сите три бода.

Најинтересно беше во самиот финиш во кој Бутел влезе со предност од два гола, 31:29, но Металург успеа да финишира со серија од 3:0 и да извојува значајна победа со која ги задржавме шансите за пласман на една од првите две позиции.

.

РК Бутел – РК Металург  31:32 (16:16)

РК Бутел: Григориј 5, Трајковски 3, Грозданов, Чакалиќ 3, Олтовски 2, Георгиевски, Дрпљанин 1, Стоилковски 3, Златановски, Ацев 1, Мајсторовски 3, Стојановски 5, Танев 3, Алији 2, Јовановски и Јачовски.   Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 16 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски, Фидановски 6, Крстев, Петровски 5, Јорданов, Василев, Петковски 8, Брестовац, Мелоски 2, Николов 7, Стојановиќ 2 и Андревски 3.   Седмерци: 8/9.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Георгиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 268 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 11