Топ Вести

КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ СЕ МАЧЕА СО ЈУНИОР ОД СТРУГА

17.11.2014 22:36
_DSC0043_resize

za tekst

Кадетите на Металург извојуваа нова победа, овој пат на гостувањето против екипата на Јуниор од Струга. Но, победата е извојувана многу потешко од очекуваното. Нашите кадети го одиграа својот најлош натпревар во оваа сезона, а го загубија и првото полувреме, со резултат 12:10. Во текот на средбата имавме неверојатни 15 технички грешки и изгубени топки.

Во второто полувреме нашите кадети заиграа подобро и набрзо го преокренаа резултатот во своја полза.

Димитриоски, со 8 постигнати гола, и Илиевски, со 7, беа најдобри во нашите редови.

Јуниор Струга – Металург  25:28 (12:10)
Јуниор Струга: Тутенкоски, Аврамоски, Џигероски 3, Лазороски 1, Јовчев 2, Гучески 4, Симоноски 7, Милески 1, Пејкоски 1, Кузманоски 3, Јовчески 2, Цветаноски 1, Мемет и Попоски.    Седмерци: 0/1.     Исклучувања: 6 минути.   
Металург: Обреновиќ, Реџиќ 1, Шулевски, Здравковски 2, Димитриоски 8, Илиевски 7, Стојменов, Шилегов 5, Лембанов, Танкоски 3, Смилевски, Алушевски, Митревски 1,Лазаревски 1 и Беќаровски.      Седмерци: 3/3.      Исклучувања: 10 минути.

Прочитано 1.328 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 4 =