Топ Вести

КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

20.04.2015 15:24
DSC_0070_resize

za tekst

Заврши кадетското првенство на Македонија. Нов шампион на Македонија, во кадетска конкуренција, е кадетскиот тим на Металург.

Во конкуренција на седум екипи нашите кадети остварија 11 победи и само еден пораз, од екипата на Вардар, која, пак ја совладавме со поголема разлика во есенскиот дел на првенството.

Својата последна средба кадетите ја одиграа вчера во Струмица, каде ја совладааа екипата на Зомимак, со резултат 44:25 (18:10).

Зомимак – Металург  25:44 (10:18)

Металург: Блажевски, Петковски, Реџиќ 3, Шулевски 2, Стојковски 5, Шилегов 5, Здравковски 2, Димитриоски 6, Илиевски 4, Стојменов 5, Танкоски 3, Смилевски 4, Митревски 3, Лазаревски 1 и Лембанов 1.

Честитки за нашите кадети и за тренерите Данило Брестовац и Оливер Димитриоски.

Прочитано 1.675 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 7 =