Кадетите на Металург со нова победа

18.09.2018 12:52
DSC0319_resize

Кадетската екипа на Металург ги совладаа врсниците на РК Пролет 62 во третото коло од кадетската лига на Македонија, со резултат 24:29 (12:14). Нашите кадети предводени од Миле Бочкаровски  заслужено ги освои новите бодови.

Во првото полувреме, домаќините во неколку наврати успеаа да го изедначат резултатот, меѓутоа нашата екипа успеа да ја задржи контролата над играта со што првото полувреме заврши со два гола разлика за Металург. Во второто полувреме, кадетите предводени од Бочкаровски ја задржаа контролата со постојано водство. Најдобар стрелец во кадетската екипа на Металург беше Филип Димевски со седум гола од седум обиди.

РК Пролет 62 – РК Металург 24:29 (12:14)

РК Пролет 62: Јовановски 4, Даев 6, Матовски, Стефановски 4, Манев, Ангеловски 1, Стојановски 1, Стојковски, Блажевски 2, Тевдовски, Николовски 1, Миленковски 1, Илиевски, Христов, Мојсовски 1 и Љубевски 3.

РК Металург: Ацевски, Димевски 7, Фидановски1, Табаковски 1, Донев 1, Брестовац, Меловски 3, Петровски 4, Андеевски 4, Стојковиќ, Василев, Миндошев 1, Блажевски, Јорданов, Николов 6 и Стојчески.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

 

Прочитано 166 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − 1 =