Топ Вести

КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ СО НОВА ВИСОКА ПОБЕДА

08.04.2015 15:21
_DSC0149_resize

za tekst

При крај на кадетското првенство, се подобро играат нашите кадети, кои на секоја средба постигнуваат по пеесетина гола. Денеска настрада екиппата на Јуниор од Струга, која загуби со резултат 18:51 (9:24).

Симпатичните стружани, предводени од проф. Јаковче Матлиески, беа разбиени веќе во воведната фаза од средбата, кога Металург поведе со резултат 8:0. Разликата постојано растеше, па до крајот на првото полувреме достигна до +15, 24:9.  Огромното мнозинство од нашите голови беа постигнати преку молневити контранапади на нашите ракометари.

Ништо не се измени ниту во вториот дел од средбата, која заврши со резултат 51:18, за нашите кадети.

Свој ден имаше Дарко Стојановски, кој постигна 12 гола, но имаа и Шилегов и Смилевски, кои додадоа по седум. Седум гола постигна и Пајковски Филип, денес најдобриот стрелец кај екипата на Јуниор.

Металург – Јуниор  51:18 (24:9)

Металург: Петковски, Блажевски, Обреновиќ, Реџиќ 4, Шулевски 2, Стојановски 12, Здравковски 4, Стојменов 3, Шилегов 7, Танкоски 1, Смилевски 7, Митревски 3, Лазаревски 4 и Беќаровски 4.      Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 10 минути.

Јуниор: Тутенковски, Поповски 3, Џигеровски 5, Лазаровски 1, Крстановски, Дуновски 1, Пајковски 7, Аврамовски, Кузмановски 1 и Наумовски.      Седмерци: 4/4.      Исклучувања: 6 минути.      Црвен картон: Лазаровски Љупчо во 60 минута (3х2 минути).

Судии: Белимов Кристијан и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 1.026 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 1 =