Кадетите на Металург со победа ја завршија сезоната

20.05.2018 18:42
_DSC0333_resize

Кадетите на Металург во последното коло од кадетското првенство, група 3, ја совладаа екипата на Шампион, со резултат 32:28 (19:12).

Нашите ракометари го надвисија противникот на овој натпревар и во текот на целата средба имаа комплетна контрола врз играта и врз резултатот.

Многу рано, уште во првата четвртина од средбата веќе имавме солидно водство од 5 гола 11:5, кое до крајот на првите 30 минути го зголемивме на 7 погодоци, 19:12.

Во вториот дел Металург одигра рутински и успеа да сочува најголем дел од својата предност.

Ова е и последен натпревар за нашите кадети, кои не се пласираа на фајналфорот во кадетска конкуренција. Се покажа кобен нашиот пропуст на гостувањето кај Вардар во 11. коло, кога испуштивме победа.

.

РК Металург – РК Шампион  32:28 (19:12)

РК Металург: Ацевски, Димевски 1, Дуноски, Табаковски, Донев 2, Брестовац, Мелоски 4, Јорданов, Андревски 3, Вељановски 4, Прентоски 12, Миндишев 2, Блажевски 1, Николов 1 и Петровски 2.    Седмерци: 6/7.   Исклучувања: 8 минути.   Црвен картон (3х2 мин) Табаковски во 39 минута.

РК Шампион: Аспровски, Дуковски, Дабевски 1, Богоевски 2, Додевски 6, Јорданов 4, Митевски, Павловски, Кочаров 3, Ступар, Спирковски 1, Краљевски 1, Бошков 10, Чолаков, Јанакиевски и Ристевски.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Ѓорѓиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 128 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3