Топ Вести

Кадетите на Металург со победа од гостувањето кај РК Бутел

12.05.2018 13:17
_DSC0114_resize

Во претпоследното коло нашиот кадетски тим гостуваше кај екипата на РК Бутел, која ја совлада со убедливи 25:39 (9:20).

Домашниот тим пружи отпор само во првата половина од првото полувреме, се до резултат 6:6, а потоа комплетната иницијатива ја презедоа нашите ракометари, кои со две серии од 5:0 и од 7:0, ги смирија амбициите на РК Бутел. Првиот дел од средбата го добивме со резултат 20:9.

Во второто полувреме Металург вложи онолку сили, колку што беа потребни да се задржи предноста од првиот дел, која уште и ја зголеми за нови три гола.

Металург се уште е во борба за најдобар второпласиран тим од трите кадетски групи, што гарантира настап на кадетскиот фајналфор, но, реално, шансите не се големи, бидејќи, на две кола до крајот, во групите 1 и 2 нашите противкандидати имаат по два бода повеќе од нас.

.

РК Бутел – РК Металург  25:39 (9:20)

РК Металург:  Ацевски, Брестовац 2, Димевски 3, Дуновски 3, Табаковски 10, Донев 3, Мелоски 3, Андревски 5, Б.Вељановски, Прентоски 6, Блажевски, Николов, Петровски 2 и Начевски 2.   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 12 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје

Прочитано 138 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4