Кадетите на Металург стартуваа со победа

28.09.2019 14:22
DAR_3497_resize

Во Автокоманда се одигра дерби натпревар од првото коло на кадетското првенство на Македонија, група 3. Екипата на Металург го совлада тимот на Аеродром, со резултат 40:31 (18:13), и ја забележа првата победа во новото првенство.

Видовме две одлични екипи, кои гарантираа добар натпревар, каков што и проследивме.

Почетокот на средбата мина во рамноправна игра, со наизменично водство на двата тима. Но, во продолжението Металург успеа резултатски да се одвои и во 20. минута веќе имавме +6, 14:8. Првото полувреме заврши со резултат 18:13.

Во почетокот на вториот дел предноста порасна до максимални +10, 27:17, во 40. минута. Мала криза имавме при двојното исклучување за Металург, кога предноста падна на 6 гола, но набрзо успеавме го повративме изгубеното. Овој интересен натпревар заврши со резултат 40:31 во полза на Металург.

Во нашиот тим се истакнаа Петковски, со осум постигнати гола, и Николов и Тодески, кои постигнаа по шест. Одлично издание имаше и нашиот голман Давид Брестовац, кој забележа 12 одбрани.

.

РК Металург – РК Аеродром  40:31 (18:13)

РК Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 5, Андовски 2, Крстев 1, Петковски 8, Николоски, Петровски, Ташевски 1, Вељановски 1, Стојковиќ 1, Мелоски 3, Николов 6, Шкријељ 1, Андревски 5 и Тодески 6.    Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 10 минути.

РК Аеродром: Трајчевски, Б.Петрески 1, А.Петрески 2, Стаменковиќ 1, Гацев, Митев 8, Серафимовски 1, Омерагиќ 5, Спасовски 3, Павличковски, Петров 1, Пешевски 2, Блажевски 2, Симоновски 1, Идризи 1 и Стојчевиќ 3.     Седмерци: 6/9.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје.

Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

Прочитано 522 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 2