Кадетите на Металург стигнаа до втората победа

05.10.2019 23:04
DAR_4153_resize

Во второто коло на кадетското првенство на Македонија, група 3, кадетите на Металург убедливо го совладаа тимот на Велес и стигнаа до својата втора победа.

Големата разлика во квалитетот доведе до тоа овој натпревар да биде решен уште во првото полувреме, кое го добивме со 11 голови разлика.

Вториот дел беше потребен само да се потврди убедливата победа.

Николовски, Андовски, Петровски и Ташевски го предводеа нашиот тим, со по пет постигнати голови секој.

Во следното коло нашите кадети ќе му гостуваат на тимот на Ангели Вардар.

.

РК Металург  – РК Велес 2009  36:16 (17:6)

РК Металург 2: Брестовац, Стојчевски, Стојчески 1, Андовски 5, Крстев 3, Ралев 1, Николоски 5, Петровски 5, Ташевски 5, Вељановски 1, Петковски 1, Мелоски, Николов 1, Митковски 2, Стојковиќ 3 и Халиловиќ 3.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 6 минути.

РК Велес 2009: Таневски, Ивчевски, Костовски, Секуловски 4, Ристовски 2, Мачев, Личовски, Палашев 1, Гигов, Стојанов 2, Илчевски 7, Димовски и Амбарков.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 355 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 13