Кадетите на Металург високо се поразени од Вардар

21.10.2018 20:19
DSC0001_resize7

Во осмото коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, кадетите на Металург гостуваа кај екипата на Вардар, која ја оправда фаворитската улога и извојува убедлива победа, со резултат 32:19 (19:10).

Вардар од самиот почеток наметна силно темпо и многу рано обезбеди предност од три гола, 4:1. За жал, крајот на првото полувреме го дочекавме со негатива од дури девет голови, 19:10.

Второто полувреме беше многу порамнопрвно, но и тоа го загубивме со резултат 13:9, за конечни 32:19.

Ова е прв пораз на нашите кадети, кои забележаа и четири победи, една средба заврши со нерешен резултат, а една е одложена.

.

РК Вардар – РК Металург  32:19 (19:10)

РК Вардар: Стојковски, Мишевски 1, Чакалиќ 3, Павловски 4, Трајановски, Ангелковски, Димитријевски 6, Србиновски 2, Грујовски 1, Трајчевски, Савревски 8, Пешевски 2, Димчевски 1, Мирчевски, Трифуновски и Калајџиески 4.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски 4, Крстев, Блажевски, Миндошев 1, Миладиноски, Стијановски, Петровски 6, Јорданов 2, Донев 1, Василев, Брестовац, Мелоски, Николов 3, Стојковиќ и Андревски 2.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Прочитано 196 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1