Кадетите на Металург водеа 60 минути, па сепак не победија

29.09.2018 16:35
_DSC0005_resize

Во рамките на петтото коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург и на Македонија Ѓ.П.

Видовме интересен натпревар, кој имаше несекојдневен крај. Имено, екипата на Металург беше во постојано водство во текот на сите 60 минути, повремено и со пет голови разлика, па сепак не ги освои сите три бода, бидејќи прими наивен гол во последната секунда и мораше да се задоволи со поделба на бодовите.

Металург од самиот почеток наметна силно темпо и многу брзо стекна предност од 5 гола, 11:6, која ја задржа до пред самиот крај на првото полувреме, кое заврши со резултат 21:18. Двете екипи беа посветени на своите офанзивни задачи, додека одбраните беше целосно занемарени.

Второто полувреме почна лошо за Металург, бидејќи гостинскиот тим направи серија од 3:0 и го израмни резултатот. Тоа комплетно го смени текот од натпреварот и се до крајот се играше израмнето, иако во постојано минимално водство беше нашиот тим. Во последните 10 секунди имавме гол предност и напад, кој поради пасивност наивно го загубивме на три секунди до крајот. Во тие три секунди противникот успеа да организира напад и, покрај нашата комплетно збунета одбрана, да постигне гол. Наместо три сигурни бода освоивме само еден.

.

Металург – Македонија Ѓ.П.  34:34 (21:18)

Металург:  Брестовац, Ацевски, Димевски 1, Фидановски, Вељановски, Донев 2, Мелоски 2, Стојановски 2, Андревски 5, Стојковиќ, Крстев 2, Дошев 3, Блажевски 2, Јорданов 2, Николов 8 и Петровски 5.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 6 минути.   Црвен картон: Ацевски во 55. минута.

Македонија Ѓ.П.:  Тркалевски 5, А.Крстевски 7, Добревски 6, Кофтански, Ноневски, Златановски 5, Тренески, Наков 5, Фидановски, Тахировиќ 1, Николовски 2, З.Крстевски 2, Кундески 1 и Симеоновски.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Василевски Ѓорѓи и Ѓоргиевски Иво од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

Прочитано 211 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4