Кадетите на Пролет ги однесоа бодовите од Автокоманда

29.09.2019 12:36
DAR_3729_resize

Во првото коло на кадетската лига на Македонија, група 1, кадетите на Пролет високо го поразија вториот кадетски тим на Металург, со резултат 26:38 (10:18).

Кадетскиот тим на Металург 2 е всушност нашиот пионерски тим, кој се натпреварува и во кадетската лига. Кадетите на Пролет, неколку години постари, поснажни, и исто толку поискусни, доминираа во текот на целата средба. Дополнително, нашите момчиња вчера имаа натпревар во пионерска лига, кој го добија со 22 гола разлика.

Разликата во годините и искуството се виде од самиот почеток на средбата. Импресионирани од својот прв настап во повозрасна лига, нашите ракометари правеа почетнички грешки и тешко доаѓаа во ситуација за прецизен шут. Затоа и дојдовме во ситуација средбата да ја загубиме уште во првото полувреме, кое заврши со резултат 10:18.

Слично се играше и во вториот дел. Во еден момент намаливме на шест голови разлика, 16:22, но тоа беше се што постигнавме.

Во второто коло ќе и гостуваме на екипата на Балтепе.

.

РК Металург 2 – РК Пролет  26:38 (10:18)

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 1, Петровиќ 2, Дамовски 1, Васевски, Стевков 1, Гилев 4, Стојановски, Ангелевски 2, Таневски, Димковски 9, Јазаџиев 4, Талевски, Грујевски, Филиповски и Насевски 2.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 4 минути.

РК Пролет: Кочејев 1, Ангеловски 3, Атанасовски 10, Милев 3, Хајредин, Миловановиќ 1, Николовски 5, Хаџи-Ристов, Христов, Стојановски, Тасески 1, Додевски 7 и Јорданов 7.     Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 16 минути.

Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 475 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 0